Од утре повторно врнежи од снег во Македонија
Нови врнежи од снег се очекуваат повторно од утре.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови на земјата. Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови од дожд и снег.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде утре времето во Македонија.
Претпладне во западните делови ќе биде променливо облачно на места со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Од средината на работната недела на пониските места, особено на југоисток, врнежите ќе бидат од дожд, информираат од УХМР. Од петок ќе имаме стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.
