Од утре пад на температурите во Македонија
Утре и во наредните денови во Македонија ќе има пад на температурите.
Oблачно и свежо, со врнежи од дожд, ќе имаме утре и тие во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите минималните ќе бидат од 13 до 19, а максималните од 17 до 23 степени.
Oблачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец ќе биде времето утре во Скопје, а температурите ќе се движат од 17 до 21 степен.
Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник претпладне. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.
