Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре не важат мерките за намалување на ефектите од аерозагадувањето

Од утре не важат мерките за намалување на ефектите од аерозагадувањето

Mерките кои ги воведе Владата за намалување на ефектите од аерозагадувањето од утре нема да важат. 

Прагот на ПМ 10 честички од 200 микрограми е надминат на само едно мерно место во Скопје, а УХМР прогнозира подобрување на временските услови. Ова го соопшти заменикот министер за животна средина,  Јани Макрадули.

Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање дека праговите на алармирање на ПМ10 (200 µг/м3) во 2 последователни дена на 2 мерни станици, односно на мерните станици во Ректорат и Лисиче.

Овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот,  се вели во соопштението на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести