Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре ќе се вади калдрмата пред Националната арена во Градски парк

Од утре ќе се вади калдрмата пред Националната арена во Градски парк

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ на Град Скопје за утре најавува почеток на  градежни работи  за реконструкција на дел од улица Столтенбергова кај Градскиот стадион.

„Ќе се реконструира  делот кој е со вградена камена коцка, кој ќе се отстранува и ќе се замени со асфалтна маса.

Реконструкцијата ќе се изведува етапно и поради изведба на активностите ќе биде затворен дел по дел од улицата до завршување на градежните активности .

На целиот потег кој е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, известува скопското претпријатие.


Слично

Поврзани вести