Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре е задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија

Од утре е задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија

Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести и од утре е задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија. 

Од утре за влез во земјава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

„Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот“, информираат од Владата.

Во регионот расте бројот на заразени. 

Слично

Поврзани вести