Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од удар на гром се запалија 4 куќи во Прилеп, општината најави помош и повика компании и граѓани да го сторат истото

Од удар на гром се запалија 4 куќи во Прилеп, општината најави помош и повика компании и граѓани да го сторат истото

Гром ноќеска предизвика  пожар на 4 куќи во Прилеп. 

Изгореа 4 куќи на улицата  „Кузман Шапкарев“ во Прилеп. Пожарот се случил после полноќ, кога гром удри во една од куќите и ја опожарил, па огнените пламени брзо се прошириле на соседните три куќи. И покрај навремената интервенција на ТППЕ Прилеп, куќите изгореле до темел, велат од Општина Прилеп.ТППЕ Прилеп интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари. 

Семејствата се ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогне со максималната можна финансиска помош. Од локалната самоуправа ги повикаа општествено одговорните компании и хумани граѓани да помогнат. Семејствата, кои не можат да најдат сместување кај своите роднини или пријатели, ќе бидат привремено сместени во Домот за стари лица и ќе добиваат топол оброк од кујната на домот. Општина Прилеп наскоро на својата веб страна, ќе ги објави и жиро сметките на семејствата за донирање помош. Невреме имаше вчера во делови од Македонија, но истото е најдено и за наредните денови.

Слично

Поврзани вести