ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Само што го ставија под контрола пожарот кај селото Николиќ, удар од гром распали нов на тромеѓето помеѓу Македонија, Грција и Бугарија. 

Информацијата со видео порака ја соопшти заменик генералниот директор на Македонски шуми, Кире Михаилов.

ОД УДАР НА ГРОМ, ПРЕД 10 МИНУТИ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА НА ГРЧКА ТЕРИТОРИЈА, ВО БЛИЗИНА НА ТРОМЕЃЕТО ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА, ГРЦИЈА И БУГАРИЈА!

После девет дена страшно тешка битка конечно го ставивме пожарот над село Николич под контрола, но, сликата зад мене покажува колку природата некогаш може да биде сурова“, објави тој.


Инаку, пожарот кај Николиќ, како што соошти тој, по 9 дена, целосно е ставен под контрола.
Почитувани сограѓани, после тешки 9 дена, најголемиот и најопасниот пожар годинава во МАКЕДОНИЈА е ставен под целосна контрола!

Од се срце им благодарам на повеќе од 100 те наши колеги вработени во ЈП "Македонски Шуми" од подружниците Гевгелија, Валандово и Струмица кои во изминативе денови беа овде и се вложија максимално.

Од се срце им благодарам на повеќето од 50 тината пожарникари од ТППЕ Валандово, Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Неготино кои во изминативе денови беа овде и дадоа се од себе.

Од се срце им благодарам на дечките од Доброволното Против Пожарно Друштво од Дојран и ДППД Гевгелија кои беа деноноќно овде со нас на терен и покажаа како се работи за својот роден крај.

Од се срце им благодарам на повеќе од 80 те војници од АРМ, им благодарам на екипажот на пинцгаурите и БТР-от кој исто така дадоа огромен придонес во надминувањето на оваа катастрофа.

Од се срце им благодарам на пилотите на ЕР Тракторите и армиските и воени хеликоптери кои беа перфектни и се покажаа на ниво на задачите во овие денови.

Од се срце им благодарам на возачите на булдожерите кои завршија огромна работа и помогнаа во гасењето на оваа непогода.

Од срце им благодарам на МВР, а посебно на Командирот и полицајците од граничната полиција кои во изминатите денови беа постојано со нас.

Огромно благодарам на раководството на фабриката Дојран Стил, а пред се на директорот Димитри кои излегоа во пресрет на сите наши барања и потреби во изминативе денови.

Огромно благодарам на Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК Мухамед Али и посебно на Горан Стојановски од ЦУК!

Огромно благодарам на целата Влада на МАКЕДОНИЈА, а посебно на Премиерот Христијан Мицковски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кои во секојдневна директна комуникација со нас ја следеа целата ситуација и излегоа во пресрет на сите наши барања во изминативе 9 дена!“, соопшти тој.


ad
Слично

Поврзани вести