Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од стратегија за конфискација до бројчаник за вратени пари на Триумфална

Од стратегија за конфискација до бројчаник за вратени пари на Триумфална

На вчерашната седница беше за прв пат од работењето на новата влада беше начната темата за поефикасна конфискација како метод на органите на прогон за поуспешно водење на истраги и соочување со правдата на лицата кои сторите криминал и незаконски се збогатиле или пак оствариле финансиски придобивки. 

Затоа на предлог на Министерството за внатрешни работи, владата ја усвои информацијата за потребата од изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.

Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, владата ги задолжи Министерство за правда и Министерство за финансии (Управа за јавни приходи; Царинска управа; Управа за финансиска полиција; Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за  членови на Работна група за изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување, соопштија од Владата.

Да потсетиме дека токму премиериот Зоран Заев во изборната кампања ветуваше на дека на триумфалната порта „Македонија“ ќе постават бројчаник кој ќе покажува колку пари се вратени во државата со цел да испрати порака до сите корумпирани политичари и функционери дека криминалот повеќе нема да се толерира. 

СДСМ пред изборите на негативната кампања одговори конфискација наместо федерализација, но мора да преземе поодлучни чекори за да се докаже дека може секој да одговара пред лицето на правдата. Токму идејата дека новото владино раководство ќе се справи со криминалот, безредието и алчноста на претходните гарнитури им даде мотив на многу гласачи кои очекуваат резултат.

Сепак, засега антикорупциските и антикриминалните активности на новата влада се многу благи, нема одлучни акции, и со месеци се чека на разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Х.С.

Слично

Поврзани вести