Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

Прилепчанец упатувал заканувачки пораки кон странска амбасада. 

Четириесет и седумгодишен маж од Прилеп доби кривична пријава затоа што упатувал заканувачки пораки на странска амбасада.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 16 мај 2024 година од странска амбасада било пријавено дека пријавениот упатувал навредливи и заканувачки содржини“, информираа од полицијата.

Ова не  е прв ваков случај. Низ годините имаше повеќе вакви закани кон странски амбасадори. 

Слично

Поврзани вести