Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од сопругот украла пари и заминала прво во БиХ, а потоа и во Швајцарија

Од сопругот украла пари и заминала прво во БиХ, а потоа и во Швајцарија

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци, по што избегала во Швајцарија. 

Се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина. По пријава на случајот во полиција, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија. Полицијата до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Слично

Поврзани вести