Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд Собранието потврдија дека Јахоски е позитивен на коронавирусот

Oд Собранието потврдија дека Јахоски е позитивен на коронавирусот

Oд Собранието потврдија дека пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, е позитивен на коронавирусот. 

Тој со симптоми на коронавирусот е примен ноќеска на Инфективната клиника, а тестирањето покажало позитивен тест.

„Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието,да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.“, се наведува во соопштението на Собранието.

Оттаму апелираат на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Не се исклучува можноста да се воведат нови рестрикции со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Ова вчера и денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Слично

Поврзани вести