(ГАЛЕРИЈА) Од Собрание протестот се сели кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ
Договорот кој во моментов е на ратификација во Собранието на Македонија повторно е причина за протести.
Пред Собранието почна протестот кој во моментов се прошири кон Штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Полициско обезбедување има во центарот на градот и околу собраниската зграда има засилено полициско присуство.
Пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ демонстрантите ќе бараат средба со лидерот на партијата Христијан Мицкоски а претходно побараа оставка од Владата и во знак на револт запалија копија од договорот со Грција, пеејќи ја истовремено македонската химна и песната „Едно име имаме“.
„Нема да дозволиме да помине овој договор, извикуваа незадоволните граѓани“ кои ја повикаа опозицијата да излезе од Собранието и да не го поддржи документот на кој ставија потпис македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи.
