ОД СЛОВЕНИЈА НИ ГИ ВРАЌАЛЕ ДОКТОРИТЕ ОД ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗАРАДИ НЕСТРУЧНОСТ: Доктор од Македонија кој работи во Словенија со шокантна изјава
Во поткастот „Клиника за се“ на Менче атанасова Точи, гостуваше д-р Иван Костадинов, специјалист анестезиолог од Кочани-Македонија, кој својата докторска кариера ја гради во Словенија, бидејќи тука, по завршувањето на студиите се вработил во кочанската Брза помош, каде, како што вели, работел секојдневно по 12 часа дневна и ноќна смена, без ниту еден ден слободен, за плата во плик во износ од 11.000 денари.
Тој откри шокантни информации за кадарот кој го произведува Штипскиот универзитет.
Вели дека двајца завршени студенти по медицина кои се вработиле во Словенија ги вратиле назад во Македонија заради нестручност.
„Исто како да разговарам со лаици, како со мајка ми која нема никаво познавање од медицината“ ,рече Костадинов за нивното знаење.
Откако го увидел проблемот се обратил до македонскиот амбасадор во Словенија од кого побарал да биде поврзан со министер за здравство на кого ќе му објасни за нестручноста на кадарот кој го произведува универзитетот во Штип, бидејќи тие ќе дојдат вас да ве лечат. „Ме игнорираа“, рече Костадинов.
Со реакција се огласи и pрофесорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски кој вели дека тие тука ќе демонстрираат само ароганција бидејќи знаење немаат.
„Од Словенија ни ги враќале "докторите" со дипломи од штипскиот УГД поради крајна нестручност. Оттаму се обратиле до нашето Министерство за образование за да поведат сметка за неквалитетотот што го продуцираат на овој медицински факултет, ама немало никаква реакција.
