Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од скопско каде се префрла невремето?

Од скопско каде се префрла невремето?

Невремето и врнежите од дожд кои го зафатија Скопје, се префрлаат во кумановско, во Овчеполието и во Тиквешката котлина, велат од УХМР.

Врнежи од дожд има и во полошко. И во скопската котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град“ - информираа од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата животни да се групираат  во помали групи

Слично

Поврзани вести