Од СЈО смируваат: Немало никаков обид за атентат врз Фетаи
Откако дел од албанските медиуми пренесоа информација со која тврдеа дека постоела можност за атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи во близина на нејзиниот дом во Боговиње, од СЈО излегоа со офицјален став со кој ги демантираат ваквите тврдења.
„Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. Информираме дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи“, се наведува во реакцијата на СЈО.
Слично
