Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏЕК МА-ОД СИРОМАШЕН УЧИТЕЛ ДО МИЛИЈАРДЕР: Совети од генијалниот богаташ за кој велеа дека е луд!

ЏЕК МА-ОД СИРОМАШЕН УЧИТЕЛ ДО МИЛИЈАРДЕР: Совети од генијалниот богаташ за кој велеа дека е луд!

Џек Ма, основачот на сајтот за онлајн тргување Алибаба ја изградил својата империја потпирајќи се на харизмата, но и упорноста.

Алибаба ја основал во 1995 година, а во средината на 2000 година, новинарите го нарекле „Лудиот Џек“ поради неговите говори и храбри тврдења.

Денеска неговата компанија има пазарна вредност од скоро 200 милијарди долари. Не е воопшто лошо за човек кој ја започнал кариерата како сиромашен учител.

Еве неколку незаборавни цитати кои ги оставил во текот на годините:

За неоткажувањето: „Денешниот ден е суров. Утрешниот ќе биде уште посуров. А денот после утре ќе биде прекрасен“.

За луѓето: „Вработете личност која е најсоодветна за работа, а најталентирана. Тоа може да биде многу болна лекција. Нема смисла да се вградува мотор „боинг“, ако ќе вози трактор“.

За етиката: „Никогаш не мамете други, ни во бизнисот , ни во животот. Во текот на 1995 година ме измамија четири компании- сите четири сега се затворени. Компанијата не може да стигне далеку со измамите“.

За предности на неговото непознавање на технологијата: „На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води. Кога тимот го сочинуваат тон научници, најдобро е да имаат селјак да ги води по патот, неговиот начин на размислување е поинаков. Полесно е да се победи кога луѓето ги гледаат работите од поинакви перспективи“.

За себе: Јас сум многу едноставно момче, не сум паметен. Сите мислат дека Џек Ма е многу паметен човек. Можеби имам паметно лице, но имам глупи мозоци“.

За поминати грешки од „мрачните денови во Алибаба“: Ако не се откажете и понатаму имате шанса. И, кога сте мали, мора да бидете многу фокусирани и да се потпрете на мозокот, а не на силата“.

За тимската работа: „Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да направиме, еден од нас може да победи 10 нивни“.

За поголема мисија: „Не е важно дали сум пропаднал. Барем го пренесов концептот и идејата на другите, дури и ако не успеам, некој ќе успее“.

За истрајноста: „Ние тоа ќе го направиме бидејќи сме млади и никогаш, никогаш нема да се откажеме“.

За работата: „Ако доаѓаме на работа во 8 наутро и одиме дома во 17ч, ова не е високотехнолошка компанија, а Алибаба нема да биде успешна. Ако имаме таков вид на дух од 8 до 5, тогаш би требало да си одиме и да работиме нешто друго“.

„Секогаш имајте на ум овие три принципи: што сакате да направите, што треба да направите, и колку долго треба да работите“.

За конкуренција: „Учете од конкуренцијата, но никогаш не копирајте. Копирајте и ќе умрете“.

За основање компании: „Ако сакате да растете, пронајдете добра прилика. Денес, ако сакате да бидете сјајна компанија, размислете за тоа кој социјален проблем можете да го решите.

Слично

Поврзани вести