Од што ќе се откажат нашите соседи за да заштедат?
Во соседна Србија 21% од луѓето се плашат дека ќе останат без работа.
77% велат дека не е време за купување на работи кои не се толку потребни затоа што се убедени дека земјата за брзо нема да ја подобри економијата.
Граѓаните за да заштедат се трудат да се откажат од цигари, да ги намалат сметките за струја или да користат плин.
Во намерата да заштедат граѓаните помалку трошат за шопинг и забава, покажуваат податоците на агенцијата Ниелсен.
Сето ова се одразува на навиките за купување во Србија.
Освен да ги задоволат животните потреби, на граѓаните на крајот на месецот не им остануваат вишок пари.
Мал дел штедат на сметка, а другите со вишокот пари го средуваат домот или купуваат работи кои се неопходни за домаќинството.
Во однос на лани се покажало дека граѓаните помалку купуваат облека или купуваат поевтина облека, а купувањето на нова техника го одложуваат.
