Од што ДУИ не отстапува?
По одржана седница од ДУИ
вечерва ги објавија клучните елементи од преговорите за
новата Влада со која било македонска партија.
За партијата услови кои не можат да бидат предмет на преговарање се Рамковна употреба на службениот албански јазик, интеграцијата во НАТО и ЕУ, продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од мегаскандалот со прислушувањето.
Не беше соопштено кога ќе започнат
преговорите и дали тие ќе се одвиваат на ниво на лидери
меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети или ќе се формира
преговарачка група.
Велат дека ДУИ не фаворизира никого.
Мандаторот Груевски има уште две недели за да обезбеди мнозинство во Собранието и да го формира својот кабинет.
