Од што беа затруени работниците од „Леар“?
Бактеријата стафилокока најверојатно е причина за труењето на речиси 200 работници од тетовската фабрика „Леар“.
Оваа информација ја објавија повеќе медиуми во земјава, но тоа не е официјално потврдено. Бактеријата според нив е откриена кај еден од вработените во кујната во приватната фирма која ги подготвувала оброците.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека дополнително ќе излезат со официјална информација за причината за труењето која ќе биде доставена до тетовското Јавно обвинителство.
Надлежните во петокот земаа мостри од храната и од работните површини со најава дека денеска ќе бидат соопштени резултатите од анализите.
Во меѓувреме ресторанот, како и фабриката „Леар“ се затворени. Сите затруени работници се пуштени на домашно лекување, откако им беше укажана помош во тетовската и во гостиварската болница.
Од компанијата кажа дека фабриката ќе биде затворена додека не се расчисти случајот, затоа што како што велат нив здравјето на вработените им е најважно.
