Од штипската болница се праќаат дома сеуште незакрепнати од ковид-19 бидејќи капацитетот е максимално исполнет
Од инфективното одделение во Штип се испраќаат на домашно лекување сеуште незакрепнати лица заболени од коронавирусот, за да се направи место за новите случаи, бидејќи капацитетот на центарот е максимално исполнет, јавува 24 Вести.
Капацитет во Штип во моментов е за 55 болни, но вчера во овој град беа регистрирани нови 60 ковид позитивни.
Ален Георгиев, директорот на болницата, за телевизијата потврди дека се прават напори да бидат сместени новозаразените, а веќе примените пациенти со позитивни тестови, но со полесна клиничка слика се пуштаат на домашно лекување и самоизолација за да се обезбеди кревет плус за новите потешко заболени.
Според последните податоци, Штип има 868 случаи со коронавирус на 100.000 жители, а од вчера има дури 60 позитивни на ковид-19.
