Од Широк сокак, преку Бахреин и Малта: На само 18 години пуштала музика во луксузниот скијачки центар Сент Мориц - Интервју со диџеј Тања
Како шеснаесетгодишна љубопитна тинејџерка била поразлична од нејзините врсници. Се интересирала за музика, музички спотови и хитови и почнала да се занимава со музика, односно со диџејство. Отсекогаш сонувала да биде таа која ќе ги забавува луѓето, ќе изнудува среќа, радост и насмевка на присутните додека е зад диџеј пултот. Кафулињата на Широк сокак во Битола каде што е родена, биле нејзината комфорна зона каде почнала да гради нејзината музичка кариера како диџеј.
Хип-хоп кралицата, Диџеј Тања покажува дека во овој свет има доволно место и за жените. Почетоците се поврзани со една од првите македонски женски диџејки, Фани Христова.
- Имав среќа Фани Христова да биде моја сосетка, која ме воведе и ми покажа што значи да се биде диџеј. Фани беше една од првите женски диџејки во Македонија. Во тој период беше чудно да се биде жена диџеј и многумина на почетокот се сомневаа во мојата способност. Не беше лесно да се пробиеш на сцената во Македонија, но со труд и љубов, докажав што значи да се биде женски диџеј и да настапувам во цела Македонија и надвор од неа.
Горда е што е битолчанка. Родниот град е нејзино најдраго место, на кое секогаш му се враќа и со задоволство ги забавува битолчани секој пат како да е прв пат.Целото интервју може да го прочитате на Женски магазин.
