Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од септември поголеми плати за здравствените работници

Од септември поголеми плати за здравствените работници

5 отсто ќе пораснат платите на 19.123 здравствени работници во јавните установи следниот месец.

Ова го најави првиот човек на здравството Венко Филипче кој кажа дека се зголемува основицата за пресметка на платата  од 12.654 на 13.286 денари.

„За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, се обезбедени 469 милиони денари годишно или 39,1 милиони месечно“ - истакна министерот.

Филипче додаде дека сите специјализанти, вклучувајќи ги и оние кои запишале специјализација во март годинава, ќе ги добијат предвидените надоместоци. Тој не прецизира дали исплатата ќе биде во август или септември, но потврди дека сите специјализанти ќе ги добијат парите.

Слично

Поврзани вести