ОД СЕМЕЈНА КАВГА ДО ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Опожарени куќи и семејства на улица
Од семејна расправија до голема трагедија. Поради кавга помеѓу двајца браќа изгоре и куќата на нивниот сосед на улицата „Љубојно“ во Битола. Битолчанец синоќа ја запалил куќата на неговиот брат, но од пожарот бил зафатен и домот на соседите. Сега, со три малолетни деца, ова семејство е на улица. Како што велат, едвај успеале да се спасат, бидејќи пожарот настанал во доцните вечерни часови, кога тие спиеле, пренесува тв21.
„Преку кровот сите, дечињата, внучињата, невестата сите преку таванот избегавме на другата страна каде што има улица“, кажал соседот.
Синот прв алармирал дека горат неколку куќи.
„Како што си легнавме, слушнав нешто пукна. Силно. И син ми слушна, излезе надвор и рече излегувајте горат куќите“, рече соседката Шазире Хазановска.
Тие обвинуваат дека противпожарната единица пристигнала на терен по еден час.
Битолчанецот кој го предизвикал пожарот е приведен од страна на полицијата. Како што велат оттаму истрагата е во тек.
