Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД СЕАД КОЧАН НИ ТРАГА: Одбраната на бизнисменот и СЈО утре ќе се соочат во суд

ОД СЕАД КОЧАН НИ ТРАГА: Одбраната на бизнисменот и СЈО утре ќе се соочат во суд

И покрај тоа што МВР со меѓунардна потерница веќе петти ден трага по Сеад Кочан, од него нема никаква трага, а камоли глас.

Меѓутоа, одбраната на бизнисменот и специјалното јавно обвинителство кое што го гони ќе се соочат во  Апелацискиот суд.

Најавена е  јавна седница по чија расправа ќе биде донесена конечната одлука за притворот на Сеад Кочан.

Нова ТВ пак објави дека во менаџментот на компаниите на Сеад се прават рокади. 

Имено, како што пишуваат од Нова тв веб порталот сопругата на осомничениот бизнисмен, Асмира Кочан, се повлекла од менаџерската позиција во „Трансмет лаб ДООЕЛ“, нов директор сега е Селма Кочан, помлад член на фамилијата Кочан. 

„Трансмет лаб ДООЕЛ“ е фирма ќерка на компанијата „Трансмет ДОО“, која е под истрага во последниот случај на СЈО во кој се обвинува дека со лажни документи конзорицум составен од три фирми добил тендер од државната ЕЛЕМ тежок над 17 милиони евра. 

Слично

Поврзани вести