Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од СДСМ бараат Јакимовски да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3

Од СДСМ бараат Јакимовски да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3

Претседателот на ОО СДСМ Карпош Душко Весковски денеска го повика градоначалникот на општина Карпош да ја прекине јавната расправа за изменување на ДУП за Карпош 3 се до завршување на локалните избори.

Весковски го обвини Јакимовски дека со години работи против интересот на граѓаните притоа образложувајќи дека граѓаните не се виновни  за сите исечени дрвја во општината и уништените зелени површини, за тоа што Карпош стана трета најзадолжена Општина во Македонија или пак за хаосот во општина Карпош.

„Го повикуваме Стевче Јакимовски да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3 се до завршување на локалните избори.

Карпош не може да си дозволи едно од последните маалски и зелени катчиња да биде уништено за профитерство на Јакимовски!“, рече Весковски.

Весковски ги повика граѓаните заедно да ја вратат Општината во рацете на жителите на Карпош и да ја креираат програмата за зелена, урбана и функционална општина Карпош. 

Слично

Поврзани вести