Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од пушка во планина до учество во врвот на власта - ДУИ слави 15 години

Од пушка во планина до учество во врвот на власта - ДУИ слави 15 години

Партијата која настана по заврштетокот на воениот конфликт и произлезе од военото крило на ОВК денес слави 15 години од своето постоење. Главната цел на Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети беше да го спроведе Рамковниот договор и да ги застапува правата на албанскиот електорат со поголема рамноправност со мнозинската македонска етничка заедница. ДУИ од некогашни учесници во конфликтот „со пушка во планина“ потоа успеаја да учествуваат во речиси сите влади, освен периодот 2006-2008 кога беа во опозиција. 

– Секој предизвик, секое соочување, секое достигнување, секој успех е заеднички, и токму овој 15-годишен јубилеј го отсликува клучниот факт кој ја изедначува ДУИ со народот, ДУИ која не го разочарува народот и ДУИ која целосно дејствува во согласност со очекувањата на народот. Но, оваа 15 годишнина, исто така не наоѓа и пред многу сериозни и одлучувачки предизвици за албанците, за земјата, за регионот. Во околности на големи судири на геополитички и геостратешки интереси, идеолошки судири, ДУИ и понатаму останува цврста посветена во својата ориентација, за интегрирање на Македонија и регионот во НАТО и Европската Унија, во искрено пријателство и партнерство со Вашингтон и Брисел, се истакнува во соопштението.

Од партијата потенцираат дека се повеќе од посветени за да градиме правна држава, држава на правдата, општество во кое ќе владее законот, еднаков за сите. Нашата посветеност на овој јубилеј, велат од ДУИ, ќе донесе и нормативно заокружување на Охридскиот договор преку јазичната еднаквост, но и храбар чекор кон вратите на НАТО и ЕУ како и целосен фокус во зголемување на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.

– Поминаа 15 години од кога ДУИ постави нови стандарди во политиката промовирајќи ги вредностите на толеранцијата, солидарноста, помирувањето, консензуалноста, единството, одговорноста, донесувањето на храбри одлуки и евро-американски дух. Поминаа 15 години од кога ДУИ е на браникот на отпорот со отстранување на стравот инсталиран со децении, вложувајќи постојани напори, Албанците да не се делат и да станат уште поважни, водејќи борба против омразата и нееднаквоста, како и други национални вредности, се истакнува во партиското соопштение.

За партијата, како што велат оттаму, годишнината е вистинскиот момент за изразување благодарност до сите гласачи.

– Петнаесет години сте со нас, петнаесет години години сме заедно. Ние почитувани пријатели, само што почнавме, се вели во соопштението од ДУИ.


Слично

Поврзани вести