Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОПЛАДНЕВО ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ И ОЛУЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Ќе дува и со брзина од 100 километри на час

ОД ПОПЛАДНЕВО ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ И ОЛУЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Ќе дува и со брзина од 100 километри на час

Метеорологот Славчо Попоски најавува продор на поларен воздушен бран и олун северен ветер и тоа почнувајќи од денеска попладне и навечер.

-Во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на поларна воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со силен , повремено и олуен ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост поради можни штети.

Во текот на денешната вечер и ноќ температурите нагло ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.

Утре локално се уште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и многу студено време (претежно сув студ).

Во скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и силен северен ветер. Температурите од денешната ноќ нагло ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро).  Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Слично

Поврзани вести