Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОД ПОНЕДЕЛНИК, ВИ НАЈАВУВАМ ФЕЉТОН“: Арсовска најавува објави за криминал и беззаконие

„ОД ПОНЕДЕЛНИК, ВИ НАЈАВУВАМ ФЕЉТОН“: Арсовска најавува објави за криминал и беззаконие

Градоначалничката Данела Арсовска, вчера на нејзиниот фејсбук профил најави фељтон во кој ќе ги објавува сите констатирани и спречени незаконски постапувања со аргументи и докази кои ги спречил Градот Скопје.
„Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции. 

Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби.
Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за  големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани.

Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата.

За да нема простор за “филозофирање” и “празна реторика”, ќе покажеме дека ГРАДОТ ПОСТАПУВАЛ ВЕДНАШ, а некој друг си тера КАКО И ДО СЕГА!!!“, напиша таа на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести