Од понеделник судење на Миле Јанакиески „за тревникот“ на скопскиот плоштад
Кривичниот суд објави дека в понеделник почнува судењето против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште десетмина обвинети службеници за продажбата на државно земјиште во центарот на Скопје,
Владимир Туфефџиќ е одреден за судија на случајот кој ја опфаќа продажбата на парцелата за изградба на барокна 20-катница со фамозните Шпански скали. танува збор за приватизирање на површина од 1.046 метри квадратни на просторот помеѓу градскиот плоштад и Градскиот трговски центар, кој сега е плочник со тревник.
Земјиштето во 2013 беше продадени на инвеститор од Албанија за сума од 1,5 милиони евра. Јанакиески и десетмината преостанати се обвинети за злоупотреба на службена должност и оштетување на државниот буџет за 2,6 милиони евра.
Станува збор за истата локација која Град Скопје изминатиот период ја покри со тревник за да не биде нагрдуван просторот.
Истовремено се очекува и судска завршница за тоа дали недвижнината ќе остане во приватна сосптвеност, или повторно ќе биде вратена на државата.
