ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ ВРАЌА ПРОЛЕТТА - уште денеска променливо облачно со слаб снег, затоплување со почетокот на работната недела
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но од утре се враќа пролетта.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, денекса, во утринските часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.
Со почетокот на следната седмица синоптичарите најавуваат стабилизација на времето и повисоки температури.
Во текот на целата седмица се очекува да преовладува стабилно време, освен во вторник кон крајот на денот кога се очекува повремен локален дожд.
Утринските температури и понатаму ќе паѓаат под нулата, но дневните ќе бидат значително повисоки.
Слично
