Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од понеделник промена на времето

Од понеделник промена на времето

Промена на времето се очекува од понеделник. 

Метеоролозите најавуваат дека од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.

Времето утре ќе биде претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21, а дневните максимални од 31 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висока и ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Слично

Поврзани вести