Од понеделник продолжува реконструкцијата на Универзална сала
Од понеделник ќе започне расчистувањето на градежниот шут пред Универзална сала , по што изведувачот ќе продолжи со реконструкцијата на репрезентативниот објект, најави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска откако владата ги превзеде ингеренциите од Град Скопје.
- За еден ваков предмет, не семее да има политичко препукување. Излезе дека треба да молиме за потребната документација. Подготвени се пари,те, а останува уште да го потпишеме договорот за банкарска гаранција , рече министерката.
Министерството за култура го презеде правото за обнова на Универзална по неколку ургенции упатени до Град Скопје. Претходно, три години стагнираше реконструкцијата која започна пред крајот на мандатот на претходниот градоначалник Петре Шилегов.
- Тимот на Министерството за култура преку Министерство за правда и преку сите релевантни чинители што биле вклучени кога проектот за реконструкција и доградба за Универзална сала се направил, упати ургенции и успеа да ги собрере сите релевантни документи потребни за финализирање на административната постапка., објасни Костадиновска-Стојчевска.
