Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРОДОЛЖУВА КОМУНИКАЦИЈАТА СО БУГАРИЈА: Османи е оптимист, фокусот ќе биде ставен на рационалноста

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРОДОЛЖУВА КОМУНИКАЦИЈАТА СО БУГАРИЈА: Османи е оптимист, фокусот ќе биде ставен на рационалноста

Од понеделник започнуваме нова динамика на комуникација со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. 

Тој е оптимист. Османи изјави дека поминал неколку изборни процеси и затоа знае дека изборите секогаш ги „киднапираат“ редовните политички процеси и ги подигнуваат емоциите на високо ниво. 

„Мислам дека најдобрата стратегија е да започнеме со прашањата кои не зближуваат, кои креираат доверба за да потоа во еден амбиент на меѓусебна доверба ги третираме и прашањата за кои имаме разлика. Затоа имајќи ја во предвид улогата на изборите кои обично ги имаат ваквите сензитивни и емотивни процеси убеден сум дека од понеделник влегуваме во нова динамика на комуникација каде што фокусот ќе биде во рационалноста, а не во емоциите“, изјави Османи.

Министерот денеска го претстави новиот план на МНР Рефлексија 20-30. Бугарија лани не дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Меѓу двете земји има спор околу историските прашања. 

Слично

Поврзани вести