Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОНЕДЕЛНИК МАКЕДОНИЈА БЕЗ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Мандатот им виси на конец-неизвесност во локалната власт!

ОД ПОНЕДЕЛНИК МАКЕДОНИЈА БЕЗ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Мандатот им виси на конец-неизвесност во локалната власт!

Уставниот суд донесе одлука да не се покренува постапка за иницијативата на локалната самоуправа односно да не го продолжи мандатот на градоначалниците.

Објаснувањето е дека Уставниот суд не може да отвори нова правна ситуација, доколку претходно Парламентот не донесе таква одлука.

Мандатот на градоначалниците и општинските совети истекува на 15 мај.

Шефот на државата пак вчера повторно одби да му го даде мандатот на Заев и покрај тоа што писмото од собранискиот претседател стигна кај Иванов завчера.

Заев смета дека се надминати сите пречки за да добие мандат и да формира влада.

Меѓутоа оваа заплеткана ситуација може да ја расплетка единствено Собранието кое е надлежно да го продолжи мандатот на градоначалниците, но прво треба да се состави Влада.

Засега неизвесно е што ќе се случи со локалната власт во Македонија.

Слично

Поврзани вести