Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од понеделник ќе се знае дали ќе има рестрикции и какви

Од понеделник ќе се знае дали ќе има рестрикции и какви

Во новата работна недела ќе се знае дали ќе има рестрикции поради коронавирусот. 

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Сител телевизија, по најавата на премиерот Зоран Заев дека во понеделник ќе заседава главниот кризен штаб, изјави дека викендов ќе се анализира состојбата за коронавирусот, а во понеделник ќе се одлучи дали има потреба од нови рестриктивни мерки.

„Ќе ги реферираме анализите коишто важат за двонеделните процеси во деновиве што се пред нас и врз основа на тоа ќе се носат одлуки“, истакна Филипче.

За Неготино и Гевгелија кризните штабови бараат полициски час поради брзото ширење на вирусот. 

foto freepik
Слично

Поврзани вести