Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОЛНОЌ: По овие цени ќе се точат горива

ОД ПОЛНОЌ: По овие цени ќе се точат горива

Регулаторната комисија ги корегираше цените на нафтените деривати, и реши бензините и дизелот да се точат по поевтина цена од ноќеска на полноќ.

Тоа значи дека за 2,5 денари се намалуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) .

Имено, почнувајќи од полноќ во наредните две недели ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по цена од 65,50 ден/лит а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини  67,00 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи за  57,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,50 ден/лит.

Намалување има и кај цената на мазутот која ќе изнесува 27,856 ден/кг. 

Слично

Поврзани вести