Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полноќ нема да се бара потврда за вакцинација за влез во земјава

Од полноќ нема да се бара  потврда за вакцинација за влез во земјава

Од полноќ влез во Македонија e дозволен без анти-ковид предуслови. 

Нема да се бара потврда за вакцинација за влез во земјава. Оваа мерка е укината со одлука на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

„На денешната седница на Владата ја одобривме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид 19, негативен ПЦР тест или антиген за сите домашни и странски државјани при влез во државата. Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на личен трошок во времетраење од 7 дена за влез во државата без горенаведените документи“, велат од Влада. 

Претходно, Владата ја укина и мерката за задолжително носење маски во затворени простории, со исклучок на здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица. Бројот на заразени е мал, но сепак од Комисијата рекоа дека треба да има доза на претпазливост и дека е можен бран наесен. 

Во Македонија има 801 активен случај на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести