Од полицијата потврдија дека едно лице е приведено во инцидентот на Табановце
Oд полицијата потврдија дека едно лице е приведено во инцидентот што се случи на граничниот премин Табановце за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
Лицето е приведено затоа што нападнало полициски службеник. Од МВР најавија дека ќе поднесат соодветна пријава против лицето. На протестот имаше туркање меѓу луѓето кои протестираа и полицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за уште една злоупотреба на институциите во политички цели и обид насилно да се спречат протестите против политичкиот прогон кој според нив го прави хунтата на премиерот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ претходно најави дека денеска од 17 до 18 часот ќе го блокира граничиот премин Табановце.
Слично
