Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од полицијата објаснија зошто Заев и министрите летале со хеликоптер

Од полицијата објаснија зошто Заев и министрите летале со хеликоптер

Од полицијата објаснија зошто премиерот Зоран Заев и министрите летале со хеликоптер. 

Премиерот Зоран Заев и министрите денеска летаа со хеликоптер до Прилеп и назад во Скопје за да се исполнат часовите за летање, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Телма.

„Премиерот Зоран Заев и министрите Јагода Шахпаска и Венко Филипче летаа со хеликоптер на релација Скопје-Прилеп, а на повратна линија до Скопје леташе премиерот со министрите Благој Бочварски и Венко Филипче. Но, тоа е во рамки на обврските за задолжително исполнување на работните месечни часови за летање согласно стандардите за пилотите. Целта на летот беше на владините претставници да им се овозможи навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски“, информираат од МВР.

Во текот на денот критики пристигнаа и од ВМРО-ДПМНЕ, која обвини дека премиерот и министрите со пари на граѓаните отишле на настан со хеликоптер.

Пратеничката на ВМРO-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, објави дека премиерот Зоран Заев на денешните настани патувал со хеликоптер, објавувајќи фотографија од Плетвар. Таа ја нападна власта дека не знае каде тера. 

Слично

Поврзани вести