Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОДГОДЕНИТЕ ПОДРАЧЈА: Бремените жени, мајки, деца и неподвижни да се преселат кај роднини

ОД ПОДГОДЕНИТЕ ПОДРАЧЈА: Бремените жени, мајки, деца и неподвижни да се преселат кај роднини

Мајките со деца, бремените жени, старите неподвижни лица привремено да се преселат кај роднини и пријатели, апелираат денеска надлежните.

Целта е полесно да се заврши чистењето и дезинфекцијата на погодените подрачја од невремето кое го погоди скопскиот регион минатата сабота.

Денеска почна да се дезифецнираат поплавените места, а веќе шести ден како се чисти калта а  домовите на настраданите семејства се расчистуваат.

„Процесот не е  едноставен, имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот од домовите се префрла во дворовите, од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена со голем фокус на улиците што беа најпоплавени куќите и домаќинствата кои беа најоштетени. Затоа систематски да пристапиме кон чистење на теренот, како и процесот на дезинфекција непречено да продолжи, бидејќи е полесно и поедноставно кога координирано ќе се настапи во соработка со припадниците на војската, на полицијата и сите луѓе кои се тука присутни, и волонтери и работници, апелираме посочените групи да се иселат“, посочи министерот Диме Спасов кој е координатор во Стајковци.

Слично

Поврзани вести