ОД ПЛАДНЕ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дожд, ама и снег еве каде
Изгледа дека поговорката дека „По утрото денот се познава“ нема да важи за денеска со оглед на прогнозата која ја најавуваат метеоролозите.
Промените ќе се почувствуваат од пладне кога облачноста на запад и север ќе расте а вечерта ќе почнат и врнежите од дожд кои на планините ќе преминуваат снег.
Според синоптичарите во главниот град денеска максималната дневна температура ќе достигне 18 степени а се тоа ќе биде проследено со ветер од северозападен правец.
До вторник попладне ќе се одвива временската прогноза со врнежи, ветер и облачно а западот очекува и снежна покривка на повисоките места.
Температурите утре ќе паѓаат додека од среда се најавува повторен раст.
Четвртокот носи нов бран дождови и снег ама на планините.
