Од Пино уште нема трага, ни глас: Мајката во клинч со премиерот и МВР
Во декември минатата година на Пино му се губи секаков траг. Мајката очајна бара помош на сите страни, ама како никој да не сака да и помогне. Барем од она што таа во соопштува од јавноста.
Маја Трпковска сега се соочува и со пријава лично од премиерот Заев. Причината се пораките на Вибер кои, како што тврди таа постојано ги праќала а премиерот не и одговорил.
- Имам пријава од премиерот затоа што му праќав пораки, а тој не одговоараше на истите-раскажува Маја.
И на вчерашниот протест пред Собранието, мајката на 26 годишниот исчезнат Пинета Секондо побара од институциите да го најдат нејзиниот син.
Првичните информации се дека Пино излегол од дома на 10 декември, пред девет дена околу 20 часот. Последен пат момчето е забележано во скопската населба Ѓорче Петров во 22 часот. Излезен е со бела шкода (таблички СК1566АП).
МВР засега во јавноста не соопшти никакви детали освен дека се работи на расчистување на случајот, a мајката ги обвини за неажурност.
