Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од петок започнува „процедуралната“ реконструкција на Владата

Од петок започнува „процедуралната“ реконструкција на Владата

На годишнината од изборот од Владата, Зоран Заев пред пратениците во Собранието на РМ ќе ја брани реконструкцијата в петок, за кога е закажана седницата за избор на новите членови.

Иако најавувана како темелна, реконструкцијата на владиниот кабинет на Зоран Заев се сведе на ротација на министерствата за правда и образование меѓу СДСМ и ДУИ, како и влез на скопското крило на БЕСА во култура и ДПА во бесресорното Министерство за привлекување на странски инвестиции.

Нови министри се Асаф Адеми за култура, Бардуљ Даути министер без ресор, Рената Дескоска за правда и Арбр Адеми за образование.

Новини има и во заменичките министерски места, согласно проширувањето на мнозинството.


Слично

Поврзани вести