Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПЕТОК ПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ - Ванковска и Апасиев поднесоа иницијатива до ДИК, имаат две недели

ОД ПЕТОК ПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ - Ванковска и Апасиев поднесоа иницијатива до ДИК, имаат две недели

Во петок почнува собирањето потписи за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска за Претседателските избори пролетва. 

- Ај честито

ПЕТОК почнуваме со собирање потписи во канцелариите на ДИК! - напиша претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил. 

Тој објави дека заедно со Ванковска и ја поднеле Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

- Рокот за собирање потписи започнува во ПЕТОК (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата! - пишува во објавата на „Левица“. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести