Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПЕТОК ЌЕ СЕ КАЗНУВА: Нема повеќе возење велосипед и поминување улица со мобилен

ОД ПЕТОК ЌЕ СЕ КАЗНУВА: Нема повеќе возење велосипед и поминување улица со мобилен

Нема веќе одење по улица, возење велосипед и тротинет - Од следниот петок, 26 септември, почнуваат да важат построгите законски одредби. Ќе се казнува преку „Сејф сити“, кој со објавувањето на измени во Службениот весник, и официјално е легален за користење. 

Преминувањето на пешачки премин со мобилен телефон ќе се казнува со 40 евра, а велосипедистите, како и возачите на трактор, мотор и тротинет кои ќе користат било каков телефонски уред, ќе бидат казнети со 50 евра. 

„Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред, со кои би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.  Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со  одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1)  на овој член“, стои во Законот.

Камерите, иако легализирани, ќе се користат од Нова година. Дотогаш, системот „Безбеден град“ ќе работи пробно.

А.Т.

Слично

Поврзани вести