Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од петок благо затоплување на времето

Од петок благо затоплување на времето

Од петок се очекува благ пораст на температурите. 

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно време кое ќе биде проследено со засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч и студено време. Во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за провејување на слаб снег и слаби врнежи од дожд, додека пак во останатите предели попладне и со услови за повремени сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат од -8 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 5 степени. 

Утре времето ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време, а во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за провејување на слаб снег и слаби врнежи од дожд. Утринските темепратури ќе бидат од -13 до -3 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат од -4 до 4 степени. Во петок и сабота ќе имаме студено утро со утрински температури од -16 до -5 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено време со температури кои ќе достигнат од -5 до 3 степени во петок, односно од -3 до 6 степени во сабота. Во недела ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време. Утринските температури ќе бидат во интервал од -11 до -2 степени, додека пак максималните од -1 до 7 степени.

Слично

Поврзани вести