Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од ПЕИ велат дека е направена неправда и бараат Торбешите да бидат внесени во Уставот

Од ПЕИ велат дека е направена неправда и бараат Торбешите да бидат внесени во Уставот

Партијата за европска иднина (ПЕИ) бара во преамбулата на Уставот да се внесе и „торбешкиот народ“. 

Тие бараат во нацрт амандманот за промена на преамбулата да Уставот на Република Северна Македонија, да се внеси како уставна категорија, Торбеши односно  „Торбешки народ“.

Повикувајќи на се на Повелбата на Обединетите Нации, Општата декларација 38 правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, и ред други документи, бараат власта да го исполни нивното барање. 

„Тргнувајќи од дефиницијата за малцинство прифатена мегународните институции, торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, со сите права и обврски што произлегуваат од важечките релевантно правно политички акти вклучително и важечките акти во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија. Торбешката популација во Република Северна Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпела дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед нарекувана во определен амбиенти, останала таква каква што е – Торбешка. Со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија“, велат од ПЕИ. 

Инаку, Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот, а барање за внесување во Уставот имало и од Црногорците, Хрватите, и Египќаните. Македонија за да продолжи на патот кон ЕУ, треба да ги внесе Бугарите во Уставот.

Слично

Поврзани вести