Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од партијата на Павле Трајанов бараат да се укинат привилегиите на поранешните претседатели

Од партијата на Павле Трајанов бараат да се укинат привилегиите на поранешните претседатели

Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели, бараат од Демократскиот сојуз(ДС) на Павле Трајанов. 

Демократскиот сојуз досега неколкупати иницираше постапка за укинување на правата на Претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но Парламентот тие иницијативи ги отфрлаше. ДС има подготвено измени на законот и ќе ги достави до Парламентот.

„Со Законот за правата на Претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно. Освен семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое оправдано користи само дел од правата, во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата. Го повикуваме Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на Претседателот на Македонија по престанокот на функцијата“, наведуваат од партијата. 

Уставен суд ја укина апанажата како што предлагаше Левица.

Слично

Поврзани вести