Од партијата на Љубчо Георгиевски прашуваат дали некој сака да се соочи со фактите или да живее во лаги
Тие што гласно се чудат да се запрашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци, велат од партијата на екс премиерот Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.
Партискиот став е „сите тие кои тогаш молчеа и го поддржуваа тоа искривување на историјата денеска критикуваат. Затоа можеме и да кажеме дека ова е враќање на Св. Кирил и Методиј на Св. Климент и Наум на Цар Самоил во македонската историографија“.
ВМРО-НП сака да потсети на техничкиот дел од договорот дека овие заклучоци што ги гледа сега македонската јавност се договорени пред повеќе од две години, и како што велат за жал тогаш бугарската страна тоа го оцени како премалку и стави вето.
Од ВМРО-НП велат дека „секој што се занимава со висока политика во Македонија претпоставуваме дека треба да го знае тој факт затоа што беше кажуван и од претседателот на државата и од претходниот премиер како и од претседателот на нашиот дел од комисијата, затоа изненадува чудењето кое сега одредени политички лидери го искажуваат“.
„ВМРО-Народна партија смета дека во заедничкиот договор се изнесени многу добро познати факти за целата светска и балканска византологија и медиевистика, а тие што гласно се чудат треба да се запрашаат не за фактите туку за тоа што некој ги манипулирал и ги учел со лажни податоци. Прашањето е дали некој сака да се соочи со фактите или да живее во лаги. И конечно сакаме да ги потсетиме сите загрижени дека во времето на десетгодишната антиквизација на македонската историја и петте личности, Св.„Кирил и Методиј“, Св.„Климент и Наум“ и Цар Самоил беа комплетно омаловажени и обесмислени во нивното дело и некако вооопшто не ги спомнувавме“, велат од партијата.Договорено е неколку историски личности, Македонија и Бугарија заедно да ги чествуваат.
Станува збор за Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методи, Св.Климент и Св.Наум. Ќе има и промена на учебници.