Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од партијата на Љубчо Георгиевски бараат правен доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот

Од партијата на Љубчо Георгиевски бараат правен доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот

Oд партијата на екс македонскиот премиер, Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП бараат власта да докаже дали Ванчо Михајлов е соработник на фашизмот. 

Според нив, поради нагласувањата дека треба да се забрани и затвори клубот „Ванчо Михајлов“ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти и прашуваат дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот. Од партијата, велат дека тој доказ треба да е правно поткрепен и во Македонија, но и во Европа.

„ВМРО-Народна партија смета дека секое паушално обвинение кое не е правно поткрепено од македонскиот или меѓународниот правен систем само ја зацврстува несериозноста и доведува до низа историски небулози кои пак на крајот завршуваат како монети за поткусурување и алатка за нови поделби во државата“, стои во соопштението.

Велат дека „ако во Југославија, но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек“.

Претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Беневска деновиве за Алфа Телевизија, изјави дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.

Клубот е отворен минатата година, а по него Бугарите отворија и клуб во Охрид. Сега е во најава дека бугарски клуб ќе има и во Куманово. Клубовите во Битола и Охрид беа цел на напади. Имињата на клубовите поттикна контроверзии во македонската јавност. 

Слично

Поврзани вести